Претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство денеска одржаа средба со сопствениците на угостителските објекти во Штип, со цел да се приближат ХАСАП стандардите и предусловните програми. Светлана Колариќ од Агенцијата за храна и ветеринарство вели дека во земјава треба да се реализираат 24 вакви средби со цел да се објаснат одредени нејаснотии околу примената на ХАСАП стандардите во угостителските објекти. Со имплементација на ХАСАП стартувавме уште од 2009.та година па наваму.Сепак се чувствува потреба на терен да се продололжи со едукацијата. Досега можам да кажам дека сите оператори со храна имаат започнато со имплементирање на предусловните програми, односно добра хигиенска и добра производна пракса. Можам да спомнам дека во делот на имплементацијата на ХАСАП принципите дека Агенцијата за храна и ветеринарство врз основа на контролите кои што се прават од страна на нашите инспекциски служби од она што е започнато задоволува, вели Колариќ.
Претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство денеска одржаа средба со сопствениците на угостителските објекти во Штип, со цел да се приближат ХАСАП стандардите и предусловните програми.
Светлана Колариќ од Агенцијата за храна и ветеринарство вели дека во земјава треба да се реализираат 24 вакви средби со цел да се објаснат одредени нејаснотии околу примената на ХАСАП стандардите во угостителските објекти.
- Со имплементација на ХАСАП стартувавме уште од 2009.та година па наваму.Сепак се чувствува потреба на терен да се продололжи со едукацијата. Досега можам да кажам дека сите оператори со храна имаат започнато со имплементирање на предусловните програми, односно добра хигиенска и добра производна пракса. Можам да спомнам дека во делот на имплементацијата на ХАСАП принципите дека Агенцијата за храна и ветеринарство врз основа на контролите кои што се прават од страна на нашите инспекциски служби од она што е започнато задоволува, вели Колариќ.
Таа додава дека угостителилите досега најмногу забележуваат во делот на потребната документација, која е потребна за имплементирање на ХАСАП стандардите. Досега се реализирани пет вакви средби во земјава, по што Агенцијата за храна и ветеринрство ќе ги посети и останатите општини во земјава.